По недоличното однесување на премиерот кој вчера на митинг на СДСМ покажа знак со рака кој симболички означува пенис кој им го “подари” на членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ Заев освен многу реакции од граѓаните добива и директно прашање.

“Дали “стапот” го покажува и дома пред родителите, децата и сопругата Зорица како што тоа го прави на партиски митинзи”, е прашањето упатено до премиерот.
“Не му е прв пат на премиерот Зоран Заев на јавна сцена да ја превитка раката преку лактот и на тој начин да си го покаже „стапот“. Не знам дали ќе му биде последен…
Го видов еднаш тој гест и се згрозив. Искрено, ама баш најискрено, се понадевав дека никогаш веќе нема да го повтори. Со текот на годините, научив дека Зоки не е искрен и простодушен каков што го запознав пред десетина години. Но сепак, не верував дека еден ден ќе падне на ова дереџе со вакви гестикулации да испраќа пораки какви што доликуваат само на простаци и на насилници”, пишува Бранко Героски во својата колумна – прашање.
Целата колумна на Плусинфо
Видеото каде Заев го покажува “стапот”
https://www.facebook.com/1506677932/posts/10227231655846325/






