Дали владата „времено“ ќе го преземе БЕГ?

Мандатарот, Димитар Ковачевски синоќа потврди дека Владата разгледува повеќе опции и нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење оваа зима.



„Според законите, топлинската енергија и БЕГ е во надлежност на градот Скопје и градот треба да биде свесен дека и тие треба да предвидат мерки кои што очигледно не се предвидени во справувањето со оваа криза.

Без оглед на тоа, Владата веќе одржа состанок, на кој се разгледа ситуацијата. Сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови. Министерството за финансии обезбеди финансиски средства на БЕГ за набавката на гас од Развојната банка на Македонија. БЕГ треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот.

Доколку тоа не се случи, се разгледува опцијата за пренаменско преземање во работата со компаниите во Скопје, кои што се задолжени и обезбедуваат топлинска енергија, соопшти Ковачевски на прес-конференција.

Министерот Крешник Бектеши потенцираше дека Владата и понудила на БЕГ преку Развојната банка кредит со поволни услови со што на индиректен начин ќе се помогне на компанијата.

„Да се даваат субвенции на приватни компании, посебно приватни компании кои имаат обврска да ги снабдуваат корисниците со топлинска енергија и вршат јавна услуга, треба да бидеме многу внимателни, бидејќи тие се пари на сите граѓани “ рече синоќа Бектеши во Гостување на Телма .

Тој потенцираше дека доколку не ги исполнува своите обврски тогаш Владата ќе донесе и тешка и непопуларна одлука како Влада се со цел обезбедување на топлинска енергија за граѓаните.