Ова прашање го поставува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски во вчерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
Одговарајќи на прашање за продажбата на хидросистемот Чебрен на грчка компанија со која се отуѓува енергетскиот капацитет на земја која во минатото не била пријателски настроена кон Македонија, Николовски поставува јавно прашање до владата за преговори за дел од дистрибутивната мрежа на МЕПСО.
Доколку овие преговори успеат тогаш Грција ќе има контрола на дистрибуцијата на македонскиот систем за електрична енергија и земјава ќе загуби еден од столбовите на националната безбедност што ме смее да се случи вели Николовски.
Засега владата не открива дали навистина се преговара за продажба на дел од МЕПСО на Грција но од таму нема демант или одговор на прашањето на Николовски.
Овој дел од интервјуто со Николовски е при крајот на емисијата Заспиј ако можеш
Насловна фотографија: Посета на премиерот на МЕПСО, Октомври 2022 година
Најчитани вести
Дали владата води тајни преговори кои можат да ја загрозат националната безбедност?






