За утре во 13 часот е закажана пленарната седница на Собранието со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Комисијата за избори и именувања минатата недела едногласно одлучи да му предложи на Собранието да ја разреши шефицата на СЈО која од 21 август е во притвор поради индиции з нејзина вмешаност воп скандалот „Рекет“.
За разрешување потребно е да се обезбеди дветринско мнозинство од пратениците и бадинтерово гласање.
По ова предлогот за разрешување се доставува до Советот на јавни обвинители кој го финализира разрешувањето.
Инаку, мандатот на Јанева во СЈО завршува – задутре.





