Телевизискиот комичар Зеленски се смета за фаворит на претстојните претседателски избори во Украина.
Околу 38 милиони граѓани со право на глас утре треба да се одлучат за еден од 38 кандидати, од кои фаворит е омилениот 41-годишен телевизиски комичар Володимир Зеленски, кој има поддршка меѓу 20 и 30 проценти.
Меѓу фаворитите се и атуелниот претседател Петро Порошенко јиов во анкетите се котира полошо од Зеленски, како и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Порошенко и Тимоченко, според анкетите имаат приблишно по 17 отсто поддршка кај гласачите.
Попжуларноста на Зеленски најмногу се темели на комичната ТВ серија „Слуга на народот“, каде токму тој толкува улога на професор кој станува претседател.
Третото продолжение е емитувано неколку дена пред изборите.




