Дали Таравари се „координираше“ во Косово со „премиерот на сите Албанци“ Курти АА да ја напушти Владата на РМ и за промената на Уставот?!

„Претседателот на Владата на Косово Албин Курти, придружуван од неговиот политички советник за * Македонија Беким Ќоку, ги прими претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и пратеникот од редовите на оваа партија Халил Снопче.“јави ТВ Клан Македонија, пренесувајќи го соопштението на Алијансата за Албанците.



Натаму во соопштението се наведува: „На пријателската средба се разговараше за многу актуелни теми. Предизвиците со кои се соочуваат нашите две земји се заеднички. Споделуваме иста грижа и иста визија за иднината на нашите граѓани и на целиот регион. „Се разговараше за односите меѓу двете земји и нивното унапредување преку засилување на соработката и заеднички проекти. Координирањето и синхронизирањето на официјалните политики придонесува за надминување на проблемите и изнаоѓање најдобри решенија за иднината на целиот регион.“

Инаку, овие штури формулации во соопштението на се уште владината партија Алијанса за Албанците не оставаат простор да се наѕре: кој бил поводот Таравари со својата партиска екипа да се сретне токму во овој момент и токму со Албин Курти, косовскиот премиер и лидер на тамошната владејачка партија „Ветвендосје“ – „Самоопределување“, кој е веќе прогласен од Билал Касами како „премиер на сите Албанци“? Но и за што се разговарало поконкретно?

Исто така, дали на оваа средба се разговарало и за промената на Уставот на Македонија? Зошто Таравари отишол да се „координира“ и да се „синхронизира“ со Курти баш сега кога во Алијансата за Албанците се повеќе зачестуваат размислувањата, но и веќе конкретни барања од високи партиски функционери оваа партија да ја напушти владејачката коалиција?!

Одговорите на претходните прашања ќе ги дадат Арбен Таравари и неговата партија во деновите што следат со своите следни потези и активности. Тогаш ќе се осознае дали можеби Таравари, иако е лидер на партија на владејачка коалиција и на Владата на Македонија, отишол во Косово можеби и да се консултира со „премиерот на сите Албанци“ дали да остане во Владата на Македонија, или да ја напушти?! Но и да праша што да прави откако станува јасно дека нема ништо од промената на Уставот??!

Во февруари 2023 година пратеничката на Алтернатива Сафије Садики од македонскиот Парламент кажа дека Владата на Македонија им ја составиле на Зоран Заев и Димитар Ковачевски луѓе од Косово и Албанија: Алтернатива во 2022 година влегла во владата затоа што со такви барања се јавувале албанскиот премиер Еди Рама и семејството на командантот на косовската УЧК Адем Јашари. Прашањето е сега дали оваа македонска Влада можеби ќе биде „демонтирана“ повторно со директни влијанија од Косово и од Албанија. Ако Таравари појде да се „синхронизира“ и да се „координира“ по Курти и со Еди Рама.