Дали тајната на “Ерменската афера” ја открил дипломатот Спахиу а некој ја скрил

Информациите кои се добиваат од вработени во МНР за “ерменската рекет афера” се дека во 2018 година дипломатите Миле Миленкоски и Владимир Сарафов пред да одат за Ереван, биле обезбедени со македонски пасош со украден идентитет.



Открива екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој дава интересни детали.

“На македонскиот пасош била аплицирана фотографија на нивниот клиент, Lyova Sargsyan, ерменски амбасадор, бизнисмен и брат на поранешниот претседател на Ерменија, кој им платил голема сума на пари за да го евакуираат до Виена со приватен авион. Најбитно, парите не биле наменети само за Миленкоски и Сарафов, бидејќи тие биле само извршители, затоа поголем дел од парите на Lyova Sargsyan требало да се дадат на повисоки функционери кои им давале насоки и логистика во целиот случај”, пишува Милошоски.

“Тогашниот државен секретар Виктор Димовски бил во тек со случувањата, а подоцна за аферата биле запознаени и министрите Димитров, Спасовски и Бујар Османи, како и премиерот Заев. МВР по барање на Интерпол почнала и истрага во МНР, водела разговори со неколку дипломати, меѓу нив и со Љуфтим Спахиу, висок раководител и близок соработник на министерот за надворешни работи. Но, прашањето дали во МНР постои белешка од овој разговор и дали случајот бил пријавен во јавното обвинителство?”, се прашањата кои можат да дадат одговори на целата афера.