Дали следниот план е парализа на државата?

Повиците за масовно излегување на народот на улиците и неучеството на опозициските пратеници во процесот на изгласување на францускиот предлог во Собранието, очигледно, беше „планот А“ на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица кога станува збор одбивањето на преговарачката рамка, која, според нив, значи менување на македонската историја, учебниците, културата и идентитетот на македонскиот народ.



Откако овој нивни првичен план не успеа и откако пратениците од владејачката коалиција во саботата со 68 гласа „за“ го изгласаа францускиот предлог и со тој потег го испратија министерот за надворешни работи Бујар Османи во Софија за да го потпише билатералниот протокол, опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица одлучија истовремено да го активираат „планот Б“ – распишување референдум, со цел граѓаните сами да одлучат дали го прифаќаат билатералниот протокол со Бугарија и преговарачката рамка со ЕУ, такви какви што се – анализира Мартин Богатиновски за Плусинфо.

Опозициските пратеници цврсто стојат на ставот дека нема да има промена на уставните измени кои се неопходни за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, а со цел свикување на втората меѓувладина конференција на којашто ќе бидат отворени поглавјата во преговорите на земјава со ЕУ.

Но, дали е тоа сѐ што може да се очекува од опозицијата? Ако распишувањето референдум е „план Б“, тогаш постои ли и „план Ц“? До каде може да оди и на што сѐ е подготвена опозицијата кога станува збор за исполнувањето на нејзиното барање: зачувување на македонскиот идентитет? Може ли да се очекува целосна блокада на голем дел од институциите, советите и општините во државата? Ќе имаме ли парализирана држава?

Целиот текст на следниот линк:

https://plusinfo.mk/e-imame-li-paralizirana-drzhava-opozici-ata-e-spremna-na-operaci-a-bez-anestezi-a/