Иницијатива за одржување референдум со цел разрешување на скопската градоначалничка Данела Арсовска веќе ја започна партијата ЛДП.
ЛДП со иницијатива за смена на неспособните градоначалници
Целта е референдумот да се одржи заедно со парламентарните и со претседателските избори за да се одбегне дополнителен трошок, изјави претседателката на партијата Моника Зајкова за Плусинфо.
За распишување референдум, потребни се околу 46.000 потписи од скопјани, попрецизно – 10% од граѓаните на главниот град.
Арсовска се налути на скопјани: Догодина ќе почнеме да украсуваме во септември
Експертите за Плусинфо велат дека дури и да не успее идејата за референдумско изјаснување, сепак постои можност Владата да ѝ ги одземе ингеренциите на градоначалничката и практично да ѝ ги „врзе“ рацете кога се работи за носење важни одлуки кои би можеле да бидат штетни за поголемиот дел од жителите на Скопје.






