Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов кои бараат правно мислење за правилна примена на закон.
„Адвокатите поднеле иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО е определено дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“, пренесе МИА.





