Дали системот навистина функционира – Заев и министрите се вратија од плажа (ФОТО)

Иако до вчера провладините креатори на јавното мислење ги убедуваа граѓаните дека Заев и министрите имаат право на одмор затоа што системот функционирал без нив денеска изутрина дел од владата се врати во земјава од плажите каде беа од Илинден.



Дел од владата денска изутрина се појави на исток на земјава каде додека тие изминативе дена уживаа на егзотични плажи се водеше битка за спас.

“Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.

Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност”, напиша Заев на Фејсбук.

Премиерот во постот не објаснува дали се вратиле затоа што системот веќе не функционира.