Дали шефицата на владина второстепена комисија Даница Чадиева го прекршила законот?
Ова прашање се поставува откако возилото на претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, е сликано на пешачки премин.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи возилото на Чадиева која е и претседател на ОО СДСМ Велес, било паркирано спротивно на законот за сообраќај.
На потег е министерот на МВР Оливер Спасовски да го санкционира незаконското однесување на неговата сопартијка и функционерка.





