Дали Северна Македонија е закана за Бугарија (ВИДЕО)

 

Бугарски „Днвник“ денеска објавува „видео“ во кое го поставува прашањето дали новото име на Македонија и додавката „северна“ може да бидат закана за Бугарија.



Лани на 1 август минатата година – еден ден пред Илинден – Бугарија и Македонија потпишаа Договор за добрососедство по неколкугодишни залудни напори. Оттогаш, одност меѓу двете земји  не престанува да се подобрува, велат владини претставници и во Софија и во Скопје.

„Бугарските политичари и експерти инсистираат на тоа дека Македонија сé уште може да има претензии кон Бугарија. Причината за ова е новото име што треба да го прифати по историскиот договор за името со Грција“, се вели во видео-прилогот на „Дневник“ кој е објавен денеска, кога во македонскиот парламент треба да се донесе одлука за распишување на референдум токму за договорот со Грција.