Д-р Бранимир Несторовиќ, лидерот на движењето „Ние – гласот на народот“, кое освои 13 мандати во парламентот на републичко ниво на минатонеделните избори во Србија и може да одлучува за формирање влада во Белград, каде што е неизвесна трката меѓу „Србија против насилството“ и Српската народна партија, во изјава за Курир ги осуди вечерашните инциденти на опозицијата во Белград.



„Иронија, „Србија против насилството“ се обидува насилно да дојде на власт, со недели зборувам за сценариото на Мајдан, се гледа истата рака, логото на движењето е стилизирана тупаница, логото на АНТИФА, “, рече д-р Несторовиќ и додаде: „Ова е проверка на теренот и пулсот, Мајдан ќе биде наскоро“.

Претседателот Александар Вучиќ по драматичните сцени пред Градското собрание синоќа излезе со смирувачка порака:

„Ниту една револуција не е во тек, ништо нема да успее. И ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“ рече претседателот.

Тој  нагласи дека на улиците се собрале околу 2.490 луѓе.

„Во овој момент заедно со оние кои сакаат да влезат во Градското собрание има вкупно околу 1.900 луѓе. Некои вечерва го покажаа своето лице и дека насилството им е единствениот начин да се борат. Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, бидејќи знаат дека не можат да ја добијат довербата на народот“, посочи Вучиќ.

Но, на социјалните мрежи и во некои медиуми се споделуваат информации и видеа од кои може да се види дека на сѝиноќешниот протест на „Србија без насилство“ имало многу повеќе демонстранти