Новинарот Бранко Героски не можел да им одолее на шокираните и разочарани Пендаровски и Ковачевски во својата најнова колумна посветена на коментарите на државниот врв за одлуката на Апелација со која се поништува пресуда за Сашо Мијалков поради важно нарушување на постапката.
Героски вели дека власта треба да се изгледа на американската амбасадорка Ангела Агелер.
,,Шо е воа, другарчиња, зошто Анџела не е разочарана и шокирана?
Треба да си политички аматер и правно неписмен претседател, премиер или министер, па да си дозволиш јавно да изразиш „разочараност“ и „шокираност“ од судска одлука. И треба да си или глупав, или ептен очаен, за да не сфатиш дека таквите изјави директно ја компромитираат кривично-правната постапка којашто не е завршена и дека таа компромитација е цврста основа за докажување на грубо кршење на едно од основните човекови права на обвинетите, правото на презумпција на невиност. Зоќе може да си дозволи вака да се глупира, ама Пендаровски и Ковачевски? Ај учете малку од мадам Агелер…
Американската амбасадорка Анџела Агелер ги збуни сите егзалтирани новинарски душички и целиот ни државен врв.
После дводневната хајка против судиите на Апелациониот суд во Скопје, коишто ја укинаа пресудата на првостепениот суд за случајот „Таргет-Тврдина“ (да ја спомнеме тука воздржаноста на Бујар Османи, колку за показ дека не се сите исти), едвај се дочека понеделников за да се побара став на Американската амбасада за „бесрамнициве“ од скопска Апелација.
Сигурен сум дека воспалениве очекувале мадам Агелер да објави не само изрази на шокираност и разочараност, туку и најава за одлучна акција на американскиот тим за санкции, во поддршка на извршната власт, која се отепа од борба против корупцијата и гледај сега какви клипови ѝ ставаат во машината.
И глеј чудо! Нов шок и ново разочарување!
За Стево Пендаровски, нормално. И за Оливер Спасовски, па и за Димитар Ковачевски, за Славица Грковска и веројатно најмногу за Зоран Заев.
Ладнокрвно и одмерено, Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“. И толку. Нема разочараност, нема шокираност. Анџела Агелер одбила да ги коментира одлуките на апелациските судии, со кои двата предмета се вратени на повторно судење во прв степен.
Еми, шупрајме сеа?
Не знам дали на нашиве изненаѓени и увреѓени политици, журналисти и колумнисти им е јасно која е и што претставува Анџела Аџелер во Македонија. Би сакал да им го појаснам тоа, бидејќи имам впечаток дека една лекција од областа споредбени политички системи не им е научена. Таа лекција се учи во петок на четвртиот час, па тие што во петок имале само три часа и после урда јаделе, ја прескокнале.
Вицот е дека воопшто не е важно која е приватно мадам Агелер, дали е вегетаријанец или крка пастрмајлии, дали нѐ сака или нѐ мрази, дали е добра вила или е зла вештерка. Важно е дека таа во Македонија го претставува американскиот претседател, лично и персонално.
Ај да ви биде уште појасно – кога зборува Анџела Агелер, зборува Џо Бајден!
А американскиот претседател може да ви каже сѐ и сешто, може и да ве бомбардира ако му текне, но никогаш нема да си дозволи јавно да коментира судска одлука. Па дури и во еден ваков Бантустан, во каков што е претворена Македонија!
Треба да си политички аматер и правно неписмен претседател, премиер или министер, па да си дозволиш јавно да изразиш „разочараност“ и „шокираност“ од судска одлука.
И треба да си или глупав, или ептен очаен, за да не сфатиш дека таквите изјави директно ја компромитираат кривично-правната постапка којашто не е завршена и дека таа компромитација е цврста основа за докажување на грубо кршење на едно од основните човекови права на обвинетите, правото на презумпција на невиност.
Јас знам дека Зоран Заев не е многу правно едуциран и дека заостанал во времето кога заедно со Катица, Оливер и со Радмила договарале што и како да прават со „бомбите“ и со предметите на СЈО. Им се извинувам на Јанева, на Спасовски и на Шеќеринска за оваа индискреција, но ова се зборови на Заев, а не мои. Тие зборови ги слушна цела Македонија.
И секако, јасно ми е дека Заев е очаен, веројатно и самиот свесен дека „камшикарите“ од САД не дошле овде баш за Сашо Мијалков, туку попрво за некои други, досега недопрени и неказнети магови на корупцијата во оваа земја.
Ама, зошто бре да се разочарани и очајни Пендаровски и Ковачевски?
Зарем чувствуваат обврска кон човекот кому му ги должат своите политички кариери?
И навистина ли му ги должат?
Не би рекол…
Како и да е, би ги посоветувал веднаш да размислат зошто Анџела Агелер крајно внимателно зборува за судски одлуки и зошто е воздржана. Мојата претпоставка е дека таа има добар тим советници од областа на правото и правосудството, кои внимателно прочитале зошто Апелациониот суд одлучил да ја укине првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“.
Под притисок на јавноста, „бесрамниците“ од Апелација денеска мораа во соопштение упатено да медиумите да ја објаснат својата одлука.
Пендаровски, вие како професор и човек којшто работел во МВР, прочитавте ли што пишува таму?”, пишува Героски.
Целата колумна на овој ЛИНК






