Фотографијата од пратеникот Самка Ибраимовски на која се гледа како тој во собраниска клупа, синоќа, лежерно и на лап-топ го следи натпревартот Реал Мадрид – Јувентус, предизвика огромен интерес.
Со оглед на тоа дека дискусиите на пратениците беа помалку или повеќе познати, а исходот од гласањето за недоверба на владата беше многу предвидлив, на социјалните мрежи се разви жива дискусија за кого навивал Ибраимовски и дали уплатил ливче за овој натпревар од Лигата на Шампионите.





