Украинските власти започнале кривична истрага откако патнички воз од Русија пристигнал на полуостровот Крим преку новиот мост изграден од Русија.
Украина се уште го смета Крим за своја територија анектирана од Русија и смета дека транспортот на патниците преку украинската граница е илегален.
Украинските власти сметаат дека и изградбата на мостот е кршење на меѓународното право, а во октомври минатата година а обвинителството покренало тужба против компаниите вклучени во неговата изградба, пренесува АП.
Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин ја отвори железничкта линија што поминува преку Керчскиот теснец и беше еден од патниците во возот.
За ова, украинското Министерство за надворешни работи испрати протестна нота до Русија.




