Полковникот во пензија и експерт за национална безбедносна стратегија, магистар Велин Стојановски, вели дека „во дискусиите на таканаречени експерти, аналитичари и професори во врска со договорот од Преспа и Амандманите на Уставот никој или барем јас не слушнав некој од вас реално да направи анализа што ќе се промени во Уставот со предложените амандмани, а некои од предлозите не се ни целосно анализирани.



Во напис за CivilMedia, Стојановски дава еден пример во насокана тоа:

„Според мене, најважниот момент е промената во членот 79, каде во ставот 2 стои: „Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија.

Ако помине предлог амандманот ќе се добие дека претседателот е врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија.

Употребата на зборот северна пред зборот Македонија без зборот Република упатува на географски одредување на некој дел во случајов Северна Македонија.

Tаквата формулација нѐ наведува дека вооружените сили се единствено на северниот дел од Македонија“.

Магистер Стојановски во написот го споменува ова како еден од „ вистинските предизвици за усвојување на амандманите од страна на собранието, а вие почитувани професори, не ги анализирате, туку и понатаму само лаги кажувате. Така, со вашите лаги, државата ни одеше надолу и стаса на работ на амбисот“.