Според имотниот лист на пратеникот на СДСМ Миле Талевски тој е сопственик само на едно возило без никаков друг имот.
Од официјалниот документ на Антикорупциската комисија се гледа дека Талевски како имот пријавил дека поседува само возило марка Голф 5 вредно околу 2800 евра.
Талевски нема пријавено куќа, стан, некаков друг личен имот или на сопруга, деца блиски роднини или банкарски сметки што е единствен случај во историјата на пријавувањето на имотите од страна на политичари.
Дали Миле Талевски не ја почитува обврската што ја има секој функционер во Македонија кој треба да ја прикаже јавно имотната состојба своја, на сопруг/сопруга,деца, како и на своите родители?
Или пак навистина ниту тој ниту неговите блиски немаат никаков имот?
Од достапните информации во имотниот лист се поставува логично прашање дали овој пратеник можеби живее во своето возило, најмалку кога патува за Прилеп?
Доколку од Собранието добива платен стан во Скопје каде преспива логично е прашањето дали Талевски кога оди меѓу своите избирачи во Прилеп спие кај нив дома, во друг дом што не е пријавен, во хотел или пак во својот Голф од серијата 5 кој дефинитивно не е удобен за преспивање.
Другото прашање дали зошто антикорупциската комисија јавно не го опоменала до сега ниту му е поднесена пријава, е за претседателката Билјана Ивановска?!
Како пратеник Талевски годишно заработува околу 13 илјади евра без платен транспорт од Прилеп што значи дека за 5 години мандат во Собранието тој заработил најмалку 65 илјади евра.






