Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека во новата година нема да имаме ценовен шок.
Првичните анализи покажуваат дека граѓаните кои штедат и трошат помалку електрична енергија нема потреба да се плашат од повисоки сметки за струја, а кај граѓаните во третиот тарифен блок ќе има мала промена во цената, а во четвртиот блок цената на електричната енергија ќе биде зголемена.
„Нема да има нов струен ценовен шок после Нова година, особено за граѓаните од првиот и вториот тарифен блок“, вели Ковачевски.
Надлежните велат дека цената на струјата нема да поскапи.






