Холандскиот судија Макеле беше главен фактор за триумфот на Англија на синоќешното полуфинале против Данска, тој досуди во најмала рака сомнителен пенал откако Стерлинг падна во противничкиот шеснаесетник, а во меѓувреме се појавија и нови „докази“ дека Макеле направил уште еден голем превид при таа ситуација,оценува порталот Екипа .мк.



Имено, десетина секунди од акцијата на Англија што резултираше со пеналот, на теренот имаше две топки, за трагедијата да биде поголема Стерлинг во дриблингот мина во непосредна близина на онаа што не беше дел од акцијата, но судијата наместо да го прекине мечот реши играта да продолжи, за веднаш потоа да покаже на белата точка.

Англија победи со 2:1 по двете продолженија на натпреварот

Повеќе