Осудениот Боки 13 е виден и сликан од граѓани најверојатно на шопинг среде Скопје со полициска придружба.
Сликан е во центарот на Скопје близу до Зеленото пазарче, пренесуваат повеќе медиуми.
Во рацете носи книжна торба во која вообичаено се пакува гардероба што укажува на можноста тој да прави шопинг со полициска придружба.
Судот досега не објавил дека Боки 13 има добиено дозвола за излез од домашниот притвор каде чека да замине на издржување на затворска казна од 9 години за рекетот го случајот Рекет.
Вчера уште еден осомничен криминалец со кој премиерот Заев беше многу близок беше забележан во Скопје како шета.
Екс генсекот на владата Драги Рашковски беше забележан како шета сам близу станот каде се наоѓа во домашен притвор.
Според властите Рашковски добил дозвола од судот да излегува поради здравствени причини.
Пред десетина дена осудениот за Рекет Зоран Милевски Кичеец направи сообраќајна несреќа додека беше затвореник на Струшкиот затвор каде лежи 3 години.






