Здружението на новинарите на Македонија изразува загриженост за оставката Бранко Героски од позицијата главен и одговорен уредник во весникот „Слободен печат“.
Тој во своето отворено писмо вели: „…во текот на еден подолг период, јас, сопствениците и менаџерите на „Слободен печат“ различно гледаме на прашањето на уредувачката политика, на потребата на кој начин еден слободарски весник треба да негува критички однос кон властите во насока на засилени заложби за добро и одговорно владеење“.
Од ЗНМ потсетуваат дека Уставот ја гарантира слободата на изразувањето, а цензурата е забранета. Исто така, Законот за медиуми во членот 8 му дава право на одговорниот уредник да ја води реализацијата на содржините што се објавуваат во еден медиум.
Од друга страна сопствениците и менаџерите на медиумите не смеат да се мешаат во работата на уредниците и новинарите се додека тие работат во согласност со новинарскиот кодекс.
Оттаму од ЗНМ бараат од косопственикот и управител на „Слободен печат“ ДОО Скопје да ги образложи мотивите за недоразбирањата и дали оставката на колегата Героски доаѓа како резултат на притисоци кон него заради уредувачката политика.
Една од последните колумни на Героски во Слободен печат:




