Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе одлучува за нова корекција на цените на бензините и нафтените деривати.
По неколкуте поскапувања во изминатите понеделници, горивата до полноќ ќе се продаваат по овие цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82,00 (денари/литар),
ЕУРОСУПЕР БС -98 за 84,00 (денари/литар),
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,00 (денари/литар),
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 73,00 (денари/литар) и
Мазут М-1 НС за 46,491 (денари/килограм).







