Дали од иднината на Даравелски зависи иднината на ВМРО Народна во владата на ДУИ и СДСМ

Извори блиски на раководството на ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски не исклучуваат дека по Демократскиот сојуз и оваа партија можеби ќе ја напушти владината коалиција на ДУИ и СДСМ.



Причината за тоа најверојатно се неисполнетите барања на високи партиски функционери до Ковачевски и Ахмети за случајот Даравелски.

Партиски извори во СДСМ тврдат дека функционери на коалицијата се договарале Даравелски да се врати во земјава и поради застареност тој да не биде гонет но СДСМ и ДУИ под притисок на јавноста дозволиле правосудните органи сепак да разгледуваат можност Даравелски да заврши во затвор.

Даравелски беше директор на царина и еден од најблиските соработници на Љубчо Георгиевски кога тој беше премиер а беше осуден за криминал вреден милиони евра.

ВМРО Народна има еден пратеник во Собранието на Македонија кој ако партијата се повлече од опозицијата во сегашнава ситуација во која СДСМ и ДУИ едвај прават кворум во парламентот теоретски може да ја урне владата.