Претседателскиот кандидат Џо Бајден значително ги подобри шансите да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп, откако победил во Мичиген и Висконсин.
Според АП, Бајден досега има 264, од потребните 270 електорски гласови со кој влегува во Белата куќа.
Бајден, ј доби повеќе од 71 милион гласови, најмногу во историјата на претседателските избори во САД.
Се очекува резултатот од сојузната држава Невада, која на Бајден би му донела 6 електорски гласови и победа.
Доналд Трамп од досега преброеното има 214 електорски гласови.





