Не престануваат реакциите на вчерашната изјава на првиот човек на македонскиот тим од заедничклата бугарско-македонска Комисија за историјата кој рече дека во Македонија имало бугарска окупација, инвазџија, но дека таа не била „фашистичка“.



За време на Париската мировна конференција, Бугарија потпишала мировен договор со противниците на Хитлер, со кој се забранува постоењето фашистички организации во државата.

„Бугарија, која во согласност со Договорот за примирје презеде мерки за распуштање на сите организации од фашистички тип на бугарска територија, без разлика дали се политички, воени или паравоени, како и други организации кои вршат пропаганда непријателски настроени кон Обединетите нации, нема да дозволи во иднина, постоењето и активностите на организации од таа природа кои имаат за цел да им ги ускратат на луѓето нивните демократски права, стои во бугарската капитулација“, стои во мировниот договор кој го има потпишано Бугарија.

Од овие причини, Доколку во ова второ полугодие од школската година 2021/2022 година професорт Драги Ѓеорѓиев одговараше на тема Втора Светска Војна професорот веројатно ќе добиеше единица која немаше да може да ја поправи до крајот на годината и ќе паднеше историја за таа учебна година, пишува „Република“.

Да за трагедијата да е уште поголема тој е професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, но и дел од историската комисија со Бугарија, Тој вчера пред целата македонска јавност сподели една таква небулоза која е рамна на историски ревизионизам на една од најопасните и најубиствените идеологии во поновата историја, фашизмот и нацизмот.

Ѓеорѓиев истакна дека Бугарија за време на Втората Светска Војна не била фашистичка држава туку профашистичка држава.

Професорката Наташа Котлар открива детали од Парискиот мировен договор кој го потпишува Бугарија, поточно членот 2 со кој Бугарија се обрзува на почитување на сите демократски принципи меѓу кои почитување на различни малцински права и правото на нивно организирање на територија под бугарска јурисдикција.

„Меѓу другото каде што им се определени воените репарации кои треба да ги платат воените репарации им се дава клаузала во која е јасно кажано дека сојузните на Хитлер меѓу кои и Бугарија треба да воспостават таков демократски принцип во својата држава бидејќи со овој договор сојузниците повторно им даваат право да бидат меѓународен субјект да бидат признати држави. Ако тие тоа не го исполнуваат тогаш е им се проблематизира меѓународното признание на овие држави, вели професорката,пренесува Република.