Добро информираниот и влијателен бриселски електронски магазин Нова Европа индицира дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во Скопје не дошол да врши само мониторинг на процесот на имплементација на Преспанскиот договор како што тоа беше објаснето во јавноста туку пред се да се занимава со турското влијание во Македонија.
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас отпатувал во Македонија на 31 август, во според Нова Европа, на “набрзина закажана официјална посета на земјата, додека во неговиот главен град Атина се случува лошо управувана реконструкција на владата”.
Во делот од анализата во која се зборува за турбуленции во Атина поради македонско-турскиот договор за одбрана се цитираат грчки медиумски извори кои укажуваат дека Дендијас ја изразил загриженоста на Атина за неодамнешниот договор за одбрана потпишан меѓу Скопје и Анкара, фокусиран главно на надградбата на одбранбената опрема за Македонија.
“Ова всушност може да биде вистинската причина што посетата на Скопје беше закажана од грчка страна, од страв од турска пенетрацијата и таканаречен „муслимански лак“ што се формираше северно од границите на Грција. македонските власти посочија дека договорот со Турција не се однесува на Атина и дека Скопје целосно ја разбира чувствителноста на Грција во однос на Турција”.
Освен проблемот со Турција според Нова Европа посетата на Скопје треба на Атина да и даде и „дополнителен кредит“ со Вашингтон.
“Друга причина што посетата на Македонија имаше смисла за Грција во моментов е тоа што ги засилува акредитивите на Атина за прашањата за Западен Балкан непосредно пред дискусиите на високо ниво со американски официјални претставници што вообичаено се одржуваат на маргините на Генералното собрание на ОН. Повторно, со Бугарија во „жешкото столче“ што се однесува до проширувањето на ЕУ во моментов, сега се чини дека Грција е многу покорисен регионален партнер”, пишува Нова Европа.
“Во Скопје, Дендијас прво се сретна со својот колега Бујар Османи, пред да се сретне со премиерот Зоран Заев. Се чини дека и двете средби ги следеа очекуваните параметри за дискусија, при што се појавија неколку изненадувања. Дендијас твитна дека неговата средба со Османи опфаќа билатерални прашања, вклучувајќи сигурна и конзистентна имплементација на Преспанскиот договор, нови иницијативи за билатерална соработка, ЕУ перспектива на Западен Балкан (кодот за проширување на ЕУ) и други регионални случувања.
Средбата Дендијас-Заев се фокусираше на билатералната економска соработка, енергетиката, транспортот и регионалното влијание на пандемијата КОВИД-19. Тие, исто така, разговараа за ситуацијата во врска со проширувањето на ЕУ во регионот, како и спроведувањето на обврските од Договорот од Преспа, извор на чести, но податливи проблеми на ниско ниво за двете земји”, пишува порталот со добри извори во Грчката политика во анализата на Алек Мали, директор за глобални економски прашања во одделот ИПЕДИС на Нова Европа.
Грчкото МНР предходно пренесе дека Дендиас во Скопје далнизјава според која има договор со кој Македонците признале дека нивните претци не живееле во Македонија во времето на Александар Велики.
Последна вест
Зошто не реагирале останува тајна https://www.expres.mk/koj-e-vtoriot-funkcioner-shto-ne-go-sprechil-skandalot-so-uapsenite-makedonski-diplomati/






