Дали министерот Спасовски е мајка за Дрин а маќеа за други шверцери со пиротехника?
Ова прашање се наметнува само по себе ако се види различниот пристап на МВР кон внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети и кон други лица кои шверцувале пиротехника.
Кај сите други случаи фатени последниве дваесетина дена МВР поднесува соодветна кривична пријава по членот 396 од Кривичниот законик.

Само кај Дрин Ахмети МВР до Јавното обвинителство доставиле нешто друго односно известување.
Оттука сомнежот зошто МВР – СВР Скопје до ОЈО Скопје доставило “известување” за случајот со Дрин Ахмети ?
Од МВР немаат објаснување зошто кон внукот на Ахмети немаат доставено поднесок во форма на кривична или прекршочна пријава?
„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, објави Јавното обвинителство од каде не прецизираат како поднесок е доставен кај нив.
Во претходните соопштенија МВР сама објавува дека кога се фатени шверцери со пиротехника тие добиваат кривична пријава по членот 396 од КЗ.
Зошто МВР на Спасовски веднаш не објави за поднесена кривична пријава туку остави ЈО да врши вештачење е прашањето кое открива дека се работи за можен политички притисок за избегнување на правдата.
Предходно извори во МВР потврдија дека имало притисок кон службата која треба да ја изготви кривичната пријава.
Висок функционер во МВР вршел влијание на полициски службеници за случајот со Дрин Ахмети






