Дали министерките ќе ја избегнат „метлата“ на Заев!?

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и  министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, најверојатно нема да бидат опфатени од метлата на премиерот Зоран Заев кој најави реконструкција на владата.



Ова, меѓу редови, го најави премиерот, на денешната трибина за две години влада, одговарајќи на апелот на невладина активистка, да се зголеми бројот на жените во министерствата и да се подобри финансиската состојба на жените во државата, пренесе „Телма“.

Од 26 министерства в владата, само 4 ги водат жени.

Заев денеска, сепак, не кажа дали можеби бројката на жени министри ќе се зголеми со најавените владини промени.

не е познато и кои и колку министри же бидат опфатени со операцијата „метла“ со иоглед на тоа дека премиерот доби „пораки“ дека во министерскиот кампус на ДУИ , не е надлежен тој, туку лидерот на Интегративците, Али Ахмети.

Минатиот викенд во „чистката“ во СДСМ беа разрешени шесте потпретседатели на партијата, генералниот секретар Кирацовски, на чие место дојде Николовски, тројцата секретари и координаторката на Форумот на жени. 

„Ќе има промена на министерските позиции, заменици министри и други функционери во владата, како и директори на ЈП, агенции, АД во државна сопственост, секаде каде буквално нема резултат, односно се покажала ароганција, се немало доблест, се намело демократски капацитет, успешност, ќе се случат промени. Ќе бидат, исто така сериозни какви што се овде во политичката партија, бидејќи само така е во ред“, рече Заев тогаш додавајќи дека ветените промени се случуваат.

Метлата стана актуелна, потсетува Press 24, на митинг на Пендаровски во Карпош кога Заев зборуваше за идните измени и чистка, а Дац од публика стана и му подари метла.