Дали МАНУ ќе стане НАНУ?

Новата кратенка на Македонската академија за науки и уметности би можела да биде НАНУ, дознава ТВ Сител.



Согласно  Договорот националните институции кои носат предзнак „македонски/ска“, ќе треба да ја избришат додавката и да стават „на Република Северна Македонија“.

„Се уште се бара решение за Македонската академија на науките и уметностите бидејки од таму најавија дека не сакаат да го додадат новото име“.

Решението кое се споменува е наместо „македонска“ (МАНУ) да се користи национална академија на науките и уметностите или скратено НАНУ, дознава Сител.

Деновиве во Службен весник ќе биде објавен датумот кога во сила ќе влезе новото уставно име Република Северна Македонија.

Со Договорот од Преспа предвидено е на државните институции да бидат поставени нови табли со новото име Република Северна Македонија.