Премиерот Ковачевски денеска на официјална прес конференција ја кажа можеби најголемата глупост во неговата политичка кариера која изобилува со гафови и глупости.
Ковачевски најави дека тој и неговата влада кога Македонија ќе влезе во ЕУ ќе ги одземала пасошите на македонските граѓани во дијаспората и ќе ги вратела на земјите членки кои им ги издала на Македонците.
Оваа изјава директно се коси со македонските и законите на ЕУ според кои никој од позиција на власт не може да одзема пасоши или државјанства од свои граѓани.
,,Ќе ги собереме сите странски пасоши што наши граѓани ги ваделе за да работат и ќе им ги вратиме на земјите членки на ЕУ”, изјави конфизниот Ковачевски на владината конференција за медиумите видно растревожен што му пропадна планот за уставни измени рече.
Ковачевски не може да одзема пасоши издадени од друга влада нити има било какви ингеренции да одзема пасоши на свои граѓани
Најавата на Ковачевски е доволна причина ЕУ воопшто да не почне преговори со Македонија ако нејзината влада планира да одзема пасоши издадени од земји членки на Македонци и други луѓе од Македонија.
Изјавата на Ковачевски е дадена на прашање на новинарите
https://www.youtube.com/live/ubI2IlzuY2U?feature=share
Вечерва и Пендаровски со нервозен настап
Пендаровски го даде можеби најнервозното интервју од кога е претседател (ВИДЕО)






