Дали Косово ќе се смилува за нашите патлиџани?

Министрите за трговија и за земјоделство на Македонија, Србија, БИХ и Црна Гора денес во Белград ќе се обидат да најдат заеднично решение на косовското ембарго.



Дали ќе се воведат реципрочни мерки или Косово ќе се предомисли пред да биде употребена оваа непопуларна мерка би требало да се знае денеска.

Минатата недела косовските власти воведоа 30 насто повисоки цариини за увоз на 21 земјоделски продукти, мерка која треба да трае до октомври.

Ако Косово не ги повлече зашттните мерки, Македонија треба да одговори со контра мерки, децидни се од Стопанската комора на Македонија.

Оттаму велат дека штетата која би можеле да ја претрпат македонските компании изнесува приближно 1,3 милиони евра и е ненадоместива.

Од Комората посочуваат дека најпогодени производи во моментов се доматите, пиперките и сливите, пренесува порталот „Фактор“.