Жителите на Влае , по одржаната јавна презентација на деталниот урбанистички план за дел од населбата прашуваат дали со одземањето на постоечко зеленило покрај Вардар за изградба на градинка и паркинг, во паркот Делфина за изградба на црква и пред Порта Влае за паркинзи на нивоа, ќе остане парче зелен простор во Влае 2, се прашуваат
Од иницијативата „Борба за Влае“ велат дека губењето на зеленило е можеби оправдано за добивање на детска градинка, но во никој случај не е оправдано да се доделува на инвеститори за приватни интереси.
„Со порастот на бројот на жители во Влае 2 до 24 илјади, како што се планирани со овој ДУП, јавни простори ќе ни бидат уште попотребни, а тие се намалуваат“, велат од Борба за Влае, онјави МКД.Мк.
По одржаната јавна презентација сѐ повеќе жители на населбата реагираат на спорниот план и пројавија интерес за поднесување забелешки преку анкетни листови. Најспорни локации во планот се површини кои се моментално државно земјиште, а треба да бидат пренаменети во објекти за приватен интерес.
Планерката од Билд Урбан на самата јавна презентација изјави:
„Сите живеете во град, ако не сакате да има улици и други содржини, не живејте во град“. Таа пропушти да каже дека со нивниот цртеж баш тие одземаат од улиците и содржините само за нечиј приватен интерес, а не работат за интересот на неколку илјади жители на Влае 2.
Од иницијативата Борба за Влае планираат да подготват готови забелешки кои граѓаните ќе можат во свое име да ги достават во Месната заедница до 25 март.







