Во ЕУ има оптимизам, но не се знае сигурно дали земјава ќе добие датум за преговори.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини е задоволна со каква динамика се движат реформите во Македонија. Сепак, таа е свесна за слабостите кои ќе треба во иднина да се поправат.
Еврокомесарот Јоханес Хан, вели дека се потребни реформи во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.
Премиерот Заев вети дека Владата ќе работи на реформите со засилено темпо.
На денешната средба во Брисел со премиерот Зоран Заев, Могерини и Хан нагласиле дека очекуваат претседателските избори треба да бидат добро спроведени за да се демонстрира демократската зрелост.
Франција и Холандија не се сигурни дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Белгија има помек став во однос на ова прашање.
Во јуни ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори.




