Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува дали е неопходно да се прогласи епидемија на морбили во земјав, откако има регистрирани случаи во 20 градови а во шест веќе е прогласена.
Во моментов, десетмесечно бебе е во критична состоба на апарати за дишење поради компликации од мали сипаници.
Во потешка состојба се уште две деца со мали сипаници и пневмонија, а со лоша клиничка слика во Инфективната клиника има и две возрасни пациентки.
На Инфективна хоспитализирани се 54 пациенти од кои 26 се деца.
И 100 мадицински лица – матични лекари и специјализанти во разни клиники биле заразени со морбили.
Досега почина едно шестмесечно бебе, а две тринаесетмесечни починаа поради компликации од морбили, а се заразија околу 1000 луѓе.
Извор: ТВ Алфа





