Aдвокатот Влатко Илиевски, сопруг на екс-министрката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, бара од Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска поради пристрасност во предметот „Тенк“, за намерна повреда на правичност на судењето и за груба повреда на судискиот кодекс.
Илиевски рече дека Европскиот суд за човекови права и слободи во Среазбур има методологија да утврди пристрасност во водењето на постапка.
Адвокатот и сопруг на Јанкуловска изјави дека судијската Кацарска со своето однесување прејудицирала вина кон обвинетата уште пред да почне судењето. Според него, судијката и го ограничила „правото на породилно отсуство во деветиот месец на високоризична бременост“.
Кацарска ја осуди Јанкуловска на 6 години затвор за набавка на службен мерцедес во вредност од 600.000 евра.





