Дали јавноста разбрала точно дека Ковачевски отвори војна со непотизмот и кронизмот на ДУИ и СДСМ (ВИДЕО)

Дали лидерот на СДСМ е вешт манипулатор што сакаше да скрие лоши вести за ДУИ, дали почна војна со непотизмот на ДУИ и СДСМ или пак не знае што прави.



Ова се трите прашања кои произлегуваат по емисијата код објавена вчера на Телма.

Според информациите на КОД МНАВ е семејна фирма на функционери на ДУИ и на СДСМ.

Премиерот Ковачевски во изјавите за случувањата во МНАВ коментираше дека контролата на летање станала како семејна фирма. Во тие изјави мислеше пред се на контролорите на летање од синдикатот.

Но КОД открива дека најмалку тројца министри имаат вработени роднини во МНАВ, а има и вработувања на повеќе членови од семејство на еден поранешен пратеник.

Во КОД вчера и за тоа како изгледал упадот во МНАВ. Колку од учесниците во групата на Незири имале и претходни злоупотреби во контролата на летање. Што значи делото загрозување на бебзедноста на воздушниот сообраќај за што се осомничени 8-мина од кои тројца се во бегство.