Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на канцероегната и опасна суспстнца Акриламид, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Според него, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен. Во меѓувреме, активно се следи и кога системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

- Во расфф системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.
На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на Акриламид. Ова го објави и европската комисија на својата официјална веб-страница.

Како што обави Државниот инспекторат на Хрватска, станува збор за „Chips Bits & Bytes Rebrasti Paprika 150 g.“ од произведителот „Chips Way d.o.o.“ од Чачак, Србија. Чипсот бил уништен во Хрватска уште пред да се најде на рафтовите во супермаркетите.
Како што објавија некои медиуми, Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи. Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и во кафе.





