Дали Грци ќе го градат Чебрен, ќе се знае по Нова година

До крајот на годинава ќе се знае дали ќе продолжи постапката за изградба на гхидоцентралата „Чебрен“, до кога грчката фирма „Архиродон“ се очекува да ја продолжи банкарската гаранција.



Инженери се молат на Бога концесијата за „Чебрен“ да не ја „лапнат“ Грци, власта не попушта

Рокот за потпишување на договорот требаше да истече вчера, но е пролонгиран, зашто Грците поднеле жалба до Министерството за животна средина.

„Продолжен е рокот на грчката компанија за изградба на хидроцентралата „Чебрен“, информира министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, по завршувањето на состанокот со компанијата во просториите на Министерството.

„Жалбената постапка е запрена и повторно ги разгледувавме жалбените наоди и нивната оправданост“.

Шукова нагласи дека избраната компанија со одлуката за избор од 14 септември годинава ќе биде информирана дека треба да пристапи кон исполнување на обврските од веќе донесената одлука..

„Од грчката компанија Архиродон се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно Законот за води, прво мора да добиете дозвола за води, а потоа да се потпише договор за концесија. Тие сметаат дека треба прво да се потпише договор за концесија, а потоа постапката да продолжи понатаму“

Меѓутоа, според министерката, во случајов Законот за води е „lex specialis“ во однос на Законот за јавни набавки и Законот за концесии.

„Ние ќе се држиме на она што го регулираат нашите закони и ќе биде информирана компанијата.

Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат, ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот“ истакна Шукова.