Бзнисмените од северна Грција се загрижени за „ за судбината на трговските имиња на македонските производи“ по стапувањето во сила на Преспанскиот договор.



Тие бараат да нема промена во името на нивните производи и бараат владата да го заштити името „Македонија“ и негови изведеници.

Дури 182 претпријатија од сите гранки и 4.000  производи на меѓународните пазари се појавуваат со бренд кој го содржи терминт „Македонија“ или негови изведеници.  

Професорот Ѓорѓи Спасов смета дека, читајќи ги написите во грчкиот печат, со право се укажува дека спорот меѓу Грција и Македонија во суштина бил околу брендот „Македонија“.

„Сега, по извојувањето на правото на Грција само таа да има право да го користи името Македонија без додавката Северна, се сугерира зајакнување на тој бренд како грчки преку името на аеродромот во Солун – Македонија, формирањето Универзитет во Солун со името Македонија и брзото регистрирање на низа невладини организации и бизнис-компании со името Македонија“, вели Спасов, пренесува „Независен“.

Според весникот, македонските компании што извезуваат свои производи наскоро ќе мораат да лепат етикети согласно новото име на државата, односно „Made in North Macedonia“.

Терминот „Made in Macedonia“ нема да биде ексклузивно право ниту за грчките производители од регионот на Македонија, кои ќе продолжат да ја користат ознаката: „Made in Greece“.