Алијансата за Албанците тврди дека од „сигурни извори дознавме дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на ‘кумулативната инфлација’“, односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки“, се вели во соопштението што го пренесува МКД.Мк.
„… треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија“, соопштува Алијансата на Албанците.
Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно скандалот да се предаде во обвинителството, но зошто да не биде опфатен и од „метлата на Заев, пренесува МКД.Мк.





