Двојни стандарди на Јавното обвинителство и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески открива новинарот Бранко Героски.
Во напис со наслов „АЈДЕ СЕГА ДА ВИДИМЕ ДАЛИ ПРАВДАТА Е НЕСЕЛЕКТИВНА“
Героски дава објаснување за случајот со кривичното гонење на новинарот на Инфомакс Александар Митовски од страна на Јавното обвинителството.
Според наводите на Героски кој цитира членови од законот кои наведуваат дека ако за ова дело ЈО го гони Митовски, по истиот урнек мора да го гони и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
Героски го цитира соопштението на ЈО за случајот Митовски и бара по ист рецепт да се гони и Дончев, нешто што обвинителството досега не го стори иако имаше време за тоа.
„Кривичното дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик го сторува тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците кои претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице.
Според став 4 од истиот член на Кривичниот законик, како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени за службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата.
Според член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител се сметаат за тајна”, пишува Обвинителството во објаснувањето зошто го гони Митовски на што Героски одговара:
„Во ред, ова е совршено јасно. Сега очекувам според истите членови на законите кои се овде цитирани, ОЈО да поднесе обвинение против Ден Дончев, директорот на Фондот на здравство, кој јавно, на прес-конференција, информираше за дејствија преземени во предистражна постапка (пред тоа истото го сторил и во комуникација со трети лица), дејствија кои според член 289 од ЗКП се сметаат за тајна“.
Селективна правда односно заштита на високи државни функционери и гонење на новинари и други лица кои не се заштитени од власта е еден од најгорливите случаи во Македонија што јавноста можеше да го види најпластично и во аферата Рекет во која засега се гонат само тројца луѓе а ниту еден припадник на партијата на власт која овозможи да се рекетираат низа бизнисмени.





