Дали е можно: Ковачевски се фали со изградба на автопатот Кичево – Охрид (ВИДЕО)

Неверојатна фалба објавува денеска премиерот Ковачевски на социјалните мрежи каде во пропагандна кампања се фали дека тој и неговата влада се заслужни за изградба на автопатот Кичево – Охрид.



Фалбата дека Ковачевски и неговата влада го изградиле автопатот Кичево – Охрид кој е речиси заглавен откако СДСМ дојде на власт е дел од поголемата неверојатна фалба: дека владата на СДСМ изградила неверојатни 1300 километри патишта.

Како илустрација за наводните 1300 километри патишта Ковачевски во пропагандното видео објавува дека се направени експресниот пат Крупиште – Кочани во должина од 13,9 километри, експресниот пат Градско – Плетвар во должина од 19 километри, обиколницата околу Куманово и споменатиот автопат Кичево – Охрид.

Каде се останатите 1210 километри изградени патишта со кои се фали Ковачевски во видеото не се открива.

Најчитани вести

Четворица луѓе веќе поддржале елиминација на Македонци, МВР спие

Јавен повик на одмазда, претепување и ликвидација на Македонци, што чека Спасовски?