Пратеничката Бети Трајковска објавува принт скрин од објава на екс министерката за труд и социјала од СДСМ Мила Царовска која е во најмала рака скандалозна.
Трајковска на денот на победата НАД фашизмот објавува пост на Царовска во која што таа наместо да честита победа над фашизмот честита победа НА фашизмот.
Четири часа по објавата Царовска не демантира дека им честитала победа на фашистите.
,,Нит фашизмот, нит ликов, да не се повторат‼️”, пишува Трајковска на Твитер.
Постот на Царовска кој најверојатно е некаков гаф или грешка не е веќе достапен на социјалните мрежи.
Нит фашизмот, нит ликов, да не се повторат‼️ pic.twitter.com/Q9UFsl3jBO
— Beti S. Trajkoska (@s_trajkoska) May 9, 2023





