,Дали е Ковачевски временски патник, сите нѐ дупи, користи дроги или е само глуп”, дилеми по најновиот гаф на премиерот (ВИДЕО)

,Дали е Ковачевски временски патник, сите не дупи, користи дроги или е само глуп”, ова се дилемите кај дел од јавноста по најновиот гаф на премиерот Ковачевски кој деновиве како да поседува временска машина изјавил дека настан што се случил подоцна влијаел на настан што се случил предходно.



За македонците двата настани се болни.

,,ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОИМ ШТО ЗБОРУВА”, порачува ТВ водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој го ,,фатил” гафот на премиерот по што му се отвараат дилеми меѓу кои има и можност за користење на тешки халуциногени дроги од негова страна.

,,Тезата „без Охридски ќе немаше Преспански“ може да се постави логично со помош на логички помагала како домашна препеченица черешнојца 65 степени од Велгошти или ајахуаска, ама…

„БЕЗ ПРЕСПАНСКИ ЌЕ НЕМАШЕ ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО“ не можит ни со лсд или мескалин, бидејќи првиот е потпишан во јуни 2018, а „вториот“ во август 2017.

Или можда Таче е временски патник и не дупит сите. Или е само глуп”, пишува Илиевски објавувајќи го видеото кое само по себе не дава одговор на прашањето каква е менталната ситуација на премиерот кој навидум делува сосема нормално.

Видеото на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0FQmeW4q6oRfzZaJywnabXi5QZcGkUrKqrQMvBecV5hrJyJ2aYg3rLXDRh14yrTFYl&id=603272137&mibextid=Nif5oz

Најнова вест

Затоа ли МВР пет дена не може да најде нешто што се наоѓа за пола час?

Спасовски доби помош за наоѓање на ,,мафтачот” на Голема Албанија, ќе биде ли уапсен ,,негов човек”? (ФОТО)