Дали е говор на омраза ако Бугарите ги пцуете на македонски, јазик што не го признаваат

Обидувајќи да го прикаже апсурдот на бугарскиот протокол екс разузнавачот Александар Диневски тврди дека ако Македонците ги пцујат и навредуваат бугарските граѓани на македонски јазик нема да одговараат за говор на омраза како што предвидува Бугарскиот протокол кој го призна Османи и владата.



Според него не може да има говор на омраза ако наводната жртва не го признава јазикот на упатените навреди.

,,Бидејки Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик можете слободно да ги псуете и навредувате Бугарите, но строго на македонски јазик! Немојте на англиски, француски, бугарски, албански, турски, српски…
Не може да ви судат за говор на омраза изречени на јазик што не постои!!!

За повеќе совети, следете ме!”, пишува иронично Диневски.

Според Диневски кој е екс член на службите за безбедност а во времето на Груевски и Мијалков беше осуден на затворска казна од 4,5 години затвор за случајот шпион македонската приказна за ЕУ заврши.

,,Во наредните 30 години (најмалку) ќе се занимаваме со “блгарските вопроси” во Македонија, а дури потоа ќе преминеме на европејските теми! Со дозвола од Софија, разбира се…
Ако преживее некој Македонец до тогаш…”, пишува Диневски.

Заедно со уште седум други припадници на врвот на македонската полиција тој пред крајот на Југославија беше дел од групата осуммина кои се побунија против влијанието на Белград врз македонската полиција барајќи Македонија да одлучува сама за своите прашања.