Дали е безбедно да се оди на Мечкин Камен на 2 август!?

Медиуми пренесуваат дека на последниот колегиум на штабот во МВР задолжен за организација на прославата на Мечкин Камен, командантот на специјалните единици Бранко Трајановски отворено најавил апсења и брутална примена на сила врз секој присутен на прославата кој ќе свирка и вика „УА“ на Заев



Трајановски, наводно, рекол дека нема да дозволи ситуација во која лани Иванов беше дочекан со аплаузи, а функционерите на СДСМ со свирежи, пишува Инфомакс. .

Со оглед на фактот дека прославата не е протест или настан поврзан со нарушување на јавниот ред како единиците на ЕБР, ПЕП и ЕСЗ ќе делуваат освен вообичаеното длабинско обезбедување на околниот простор.

На социјалните мрежи се појавија „шпекулации“ дека присуството на одбележувањето на годишнината на Илинденското востание, ќе требало да се најави со фото-копија од лична карта, но ова не е потврдено од ниедна институција.