Надлежните не откриваат имиња, но на 14 бугарски државјани во сабота нема да им биде дозволен влез во државата доколку се обидат да присуствуваат на чествувањето на годишнината на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје, дознава Гласот на Америка.
Нема потврда дали на листата со забрана се европратеникот Ангел Џамбаски, претседателот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов за кои тоа го побара претседателот Стево Пендаровски, како и политичарот Красимир Каракачанов.
По состанокот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со неговиот бугарски колега Демерџиев, во Бугарија е почнато со проверки на лицата кои евентуално би пристигнале во црквата „Свети Спас“ во сабота.
По средбата двајцата министри соопштија дека нема да дозволат било каков инцидент, провокации или тензии за време на прославата.







