Поранешниот обвинител од Охрид а сега адвокат за кривично право Војо Димоски му поставува две незгодни прашања на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Димоски прашува за случај во кој е можно сега од САД ,,оцрнетиот” Рамиз Мерко Јовески да го спасувал од затвор преку јавното обвинителство за организиран криминал каде сега шеф е кадарот на ДУИ Ислам Абази.

Екс обвинителот Димоски бара Јовески да каже дали тој лично и директно интервенирал кај основни јавни обвинители предмет за незаконска продажба на имот од страна на Мерки да биде префрлен и потоа ,,заборавен” во ЈО за организиран криминал.
Според Димоски кој и самиот е под прогон на обвинителството соопштението со кое вината за случајот Мерко се бара само кај обвинителите во Струга а со кое излегува Државното Обвинителство е обично клише и празна реторика.
,,Недозволиво е сета вина да се фрла на основните обвинители во Струга во услови кога постои републички обвинител задолжен за нивна контрола, како и Вишо обвинителство во Битола кое најмалку двапати во годината ги контролирало истите обвинители.
Значи: некој треба да го контролира и нив и нивнито делување.
Јас најодговорно тврдам дека во ниту еден од Записниците за контрола на струшкото ЈО не се констатирани недостатоци во постапувањето во предметите против Мерко. Зошто е тоа така треба да одговорат раководителите на Вишото во Битола, а особено претходната раководителка како и координаторот за струшкото обвинителство во Вишото обвинителство во Битола”, објавува Димоски кој затоа што Државното Обвинителство на Јовески има тенденција да глуми изненаденост е принуден да му постави незгодни прашања на Јовески:
,,.Дали директно сте вршеле притисок предмет против Мерко кој се однесува на злоупотреби на продажба на општински имот да биде испратен во ОЈО за организиран криминал, кадешто истиот потоа е “ставен на мраз”, прашува Димоски.
Второто прашање од Димоски до Јовески е просто и едноставно:
2. До кога вака?






